КИНЕЗИТЕ МЕКО ВЛАДЕАТ СО СВЕТОТ Нобеловецот Штиглиц објаснува како САД беа симнати од тронот

Европа и Америка се одлични да им држат предавања на другите за она што е морално здраво и економски. Но, пораката што вообичаено доаѓа, како што јасно покажува истрајноста на американските и европските земјоделски субвенции, е „правете го она што го велам јас, а не она што го правам“. Особено по годините на Трамп, Америка веќе нема право да ги учи другите на морал, ниту има кредибилитет да споделува совети, истакнува Стиглиц.

709

Познатиот американски економист и добитник на Нобеловата награда Џозеф Стиглиц тврди дека Америка ја прокоцкала можноста да остане најголемата сила во светот, каква што беше по падот на Советскиот Сојуз. Тој објаснува како Кина ја презеде таа улога користејќи ги катастрофалните потези на Вашингтон, пишува Мондо.

Две децении по падот на Железната завеса, САД очигледно беа најголемата сила во светот. Но, потоа дојдоа катастрофално погрешните војни на Блискиот Исток, финансискиот крах во 2008 година, растечката нееднаквост и други кризи кои се чини дека ја доведоа во прашање супериорноста на американскиот економски модел, објаснува нобеловецот.






Кина расте три пати побрзо од САД

Стиглиц смета дека, од Трамп до денес, постојат докази дека „некои аспекти од американскиот политички и социјален живот станале длабоко патолошки“, што, според него, може да доведе до тоа Кина да заземе позиција во светот што сега ја држи Америка.

– Се разбира, Америка не сака да биде соборена. Но, неизбежно е Кина да ги надмине Соединетите Држави економски, без оглед на тоа кој официјален показател некој го користи. Не само што нејзиното население е четири пати поголемо од Американското, туку и нејзината економија расте. Три пати побрзо за многу години (навистина, веќе ги надмина Соединетите Држави во однос на паритетот на куповната моќ во 2015 година) – вели тој и додава:

– Иако Кина не направи ништо за да се прогласи за стратешка закана за Америка, тоа е јасно како бел ден. Во Вашингтон постои консензус дека Кина може да претставува стратешка закана и дека најмалку што треба да направат САД за да го ублажат овој ризик е да престанат да ѝ помагаат на кинеската економија да расте.

Фото: Pixabay

Американците ќе ги кршат своите трговски правила

– Според ова гледиште, превентивното делување е оправдано, дури и ако тоа значи кршење на правилата на Светската трговска организација, правила кои самите Американци ги напишаа и ги промовираа – нагласува Стиглиц.

Тој смета дека САД не можат да ѝ парираат на Кина без адекватни соработници во светот, а најблиска им е Европската Унија со која, како што вели, Трамп успеал сериозно да ги наруши односите.

– САД не можат сами да победат во новата конкуренција на големите сили; им требаат пријатели. Нивни природни сојузници се Европската унија и другите развиени демократии ширум светот. Но, Трамп направи сѐ што можеше за да ги отуѓи европските земји, а републиканците го направија тоа за да му останат лојални – тие дадоа доволно причини да се запрашаат дали Соединетите Држави се доверлив партнер. Покрај тоа, САД мора да ги освојат срцата и умовите на милијарди луѓе во земјите во развој – вели Стиглиц.

Русија и Кина побрзо делеа вакцини по светот

– Во потрага по наклонетоста на светот, САД ќе мора да надоместат за многу изгубени. Долгата историја на експлоатација на други земји не помага, ниту длабоко вкоренетиот расизам – сила што Трамп стручно и цинично ја канализира. Богатите земји ги добија сите вакцини што им беа потребни, додека луѓето во посиромашните земји беа оставени сами да се снаоѓаат. Во меѓувреме, новите противници од Студената војна на САД ги направија своите вакцини достапни на другите, дури и по пониски цени, истовремено помагајќи им на земјите да развијат сопствени капацитети за производство на вакцини.

Америка нема право да им држи предавања на другите

Стиглиц вели дека Америка и ЕУ треба да престанат да им држат предавања на другите и да ја покажат својата моќ и квалитет со практични примери.

– Европа и Америка се одлични да им држат предавања на другите за она што е морално здраво и економски. Но, пораката што вообичаено доаѓа, како што јасно покажува истрајноста на американските и европските земјоделски субвенции, е „правете го она што го велам јас, а не она што го правам“. Особено по годините на Трамп, Америка веќе нема право да ги учи другите на морал, ниту има кредибилитет да споделува совети – истакнува Стиглиц.

Победува меката сила, а не попувањето на САД

Во исто време, Кина не се истакна со тоа што им попуваше на други земји, туку во обезбедувањето солидна инфраструктура за сиромашните земји. Затоа, САД и другите сега веќе тешко можат да го вперат прстот кон Пекинг. Би можел да продолжам, но поентата треба да биде јасна: ако Соединетите Држави имаат намера да започнат нова Студена војна, треба да разберат што е потребно за да се победи – заклучува Стиглиц и додава:

– Војните на крајот ги добива меката сила на привлекување и убедување. За да бидеме први, мора да го убедиме остатокот од светот да ги купува не само нашите производи, туку и општествениот, политичкиот и економскиот систем што го продаваме.

Поврзани содржини