КИНЕЗИТЕ ДОБИЛЕ ВОНЗЕМСКИ СИГНАЛ? Најголемиот радиотелескоп во светот е на пат да открие нешто
Зошто веста беше избришана од државниот кинески весник, а притоа ја пренесуваат сите други кинески институции и социјални мрежи? 500-метри долгиот радиотелескоп и во 2020 година фатил еден сомнителен сигнал. Сепак, ниските фреквенции може да се должат на пречка во преносот, а не на интелигентна цивилизација.
Најголемиот радиотелескоп во светот, Скај Ај цо Кина, можеби добил сигнали и знаци од вонземски живот, пренесува магазинот Тајм, цитирајќи извештај на државниот кинески весник „Science and Technology Daily“ кој потоа беше избришан. Електромагнетните сигнали се разликуваат од сите досега примени и во моментот бидуваат испитувани.
Ова го потврди главниот научник од тимот, Џанг Тончи. Во тимот членуваат истражувачи од Кинеската академија на нуаките, но и од америакснкито универзитет Беркли, во Калифорнија. Веста веќе се шири на кинеската социјална мрежа Weibo, а ја пренесуваат и државните медиуми.
Зошто веста беше избришана од кинескиот државен (службен) весник?
Сличен на овој сигнал телескопот откри во 2019 година, а еден сомнителен сигнал имало и годинава. Сепак, останува да видиме дали нискофреквентните сигнали за кои 500-метри долгиот Скај Ај е спеицијализиран, не се обични пречки во преносот од некоја друга планета.