📽 КИНЕСКИТЕ КУЧИЊА-РОБОТИ ИМААТ АВТОМАТСКИ ПУШКИ Кина и Камбоџа одржаа заедничка воена вежба

Видеоснимките од вежбата „Златен змеј 2024: Кина - Камбоџа“ го покажуваат роботот како се движи напред-назад, скокнува, „лежи“ - управувано со далечински уред.

337

Во неодамнешните заеднички воени вежби со Камбоџа, кинеската војска ги покажа способностите на новото „куче-робот“ вооружено со автоматска пушка на грбот.

– Тоа може да послужи како нов член во нашите урбани борбени операции, заменувајќи ги нашите човечки членови, да врши извидување, да го идентификува непријателот и да ја гаѓа целта – изјави војникот Чен Веј за Кинеската државната телевизија.






Видеоснимките од вежбата „Златен змеј 2024: Кина – Камбоџа“ го покажуваат роботот како се движи напред-назад, скокнува, „лежи“ – управувано со далечински уред.

Воената употреба на роботски кучиња не е нешто ново. Во Кина лани во ноември се одржа заедничка вежба на кинеската, камбоџанската, лаоската, малезиската, тајландската и виетнамската војска. Во 2020 година, американските воздухопловни сили исто така демонстрираа употреба на кучиња-роботи.

 

Поврзани содржини