КИНЕСКИТЕ КОСМОНАУТИ ЌЕ ГО НАПУШТАТ НЕБЕЗБЕДНОТО ЛЕТАЛО Ќе бидат преземени од вселенската станица „Тијангонг“

На прозорецот од капсулата, имено, се пронајдени мали пукнатини, најверојатно предизвикани од удар од вселенски отпад.

137

Вселенското летало „Шенжоу-20“ е прогласено за несоодветно за безбедно враќање на астронаутите, така што ќе остане во Вселената и ќе продолжи со научни експерименти, соопшти Кинеската вселенска агенција за летање со човечка посада (КМСА).

Враќањето, првично закажано за 5 ноември, беше одложено поради сомневање за мал удар од вселенски отпадоци (остатоци од други летала) врз вселенското летало „Шенжоу-20“.






На прозорецот од капсулата, имено, се пронајдени мали пукнатини, најверојатно предизвикани од удар од вселенски отпад. Затоа, екипажот на „Шенжоу-20“ ќе се врати на Земјата со вселенското летало „Шенжоу-21“. Астронаутите Чен Донг, Чен Жонгруи и Ванг Џие се во добра состојба, а сите системи за враќање на посадата се целосно подготвени, соопшти КМСА.

Кинеските власти претходно соопштија дека нивната вселенска станица „Тијангонг“ работи нормално и може да ги прими двата тима од Кина во Земјината Орбита. Новата можност за враќање е в петок, на местото за слетување „Донгфенг“ во Внатрешна Монголија.

Поврзани содржини