КИНА РАЗВИВА КОМПЈУТЕРСКИ МОЗОК КОЈ ЌЕ УПРАВУВА СО ЦЕЛИ ГРАДОВИ Над 1.000 научни трудови покажуваат за што се спрема оваа светска сила

Во Кина постои многу разумно сфаќање дека ЛЛМ се ограничени како модели на вистинска интелигенција. Сигурен начин да се дојде до вистинска интелигенција е обратно инженерство на човечкиот мозок, кој е единствениот интелигентен систем за кој знаеме, изјавил Макс Ризенхубер, ко-директор во Центарот за невроинженеринг на Медицинскиот центар на Универзитетот Џорџтаун.

1,337

Кина развива вештачка интелигенција(ВИ) која ќе биде базирана на човечкиот мозок, а ќе управува со цел град. Ќе се вика „градски мозок“. Во голема анализа на научните трудови кои доаѓаа од оваа светска сила, магазинот „Њузвик“ извлекува некои од ексклузивните идеи и нешта кои ги планира Пекинг за да предничи во трката за ВИ пред САД.

Биометриска вештачка интелигенција






Всушност, Кина веќе има вакви компјутери кои собираат илјадници биометриски податоци за кинеските граѓани: од бојата на гласот, до начинот на одењето…Новата ВИ треба да го направи овој систем уште поинтелигентен, односно да го надмине човечкото резонирање. Ова уште се нарекува и „Општа вештачката интелигенција“ – токму онаа за која се плашиме дека можеби ќе стане самосвесна.

„Ние го нарекуваме бионичко пресметување на мрежата“, напиша Гао Вен, водечки истражувач за вештачка интелигенција, во трудот „City Brain: Challenges and Solution“.

ВИ се новите бомби и сателити

Трудот на Гао е само еден од околу 1.000 трудови видени од Њузвик кои покажуваат дека Кина напредува во трката за вештачка општа интелигенција. Слично како што во 1950-тите и 1960-тите Кинезите деноноќно работеа на изградба на атомска бомба, интерконтинентална ракета и сателит. Сега, новиот поставен рок е 2030 година.

– Треба да развиеме вештачка интелигенција како „две бомби и еден сателит“ и да формираме „армија на ВИ“ што ја претставува националната волја – рече Жу.

Во таканаречениот „Кинески проект за мозок“, документ објавен во 2016 година оваа цел да се „предводи светот со ВИ“ е јасно дадена. Документот вели дека неврологијата, односно науката за мозокот и вештачката интелигенција се само две од десетина слични полиња во науката кои се граничат меѓу себе.

ЧатГПТ не е доволен, ни треба врска со мозокот

Една од главните поенти на истражувањето што го спровел „Њузвик“ е дека научниците во Кина немаат илузија дека она што го имаме сега како вештачка интелигенција, ЧатГПТ, Бинг и Бард не е исто што и општата вештачка интелигенција која треба да следи во иднина и за која се очекува да стане самосвесна.

Сегашните софтвери се нарекуваат Големи јазични модели(ЛЛМ) и се базираат на машинско учење кое предвидува што треба да биде следната реченица во разговорот меѓу корисникот и вештачката интелигенција. ЛЛМ, меѓу другото, работат врз база на клучни зборови од она што ќе го напише корисникот.

– Во Кина постои многу разумно сфаќање дека ЛЛМ се ограничени како модели на вистинска интелигенција. Сигурен начин да се дојде до вистинска интелигенција е обратно инженерство на човечкиот мозок, кој е единствениот интелигентен систем за кој знаеме – изјавил Макс Ризенхубер, ко-директор во Центарот за невроинженеринг на Медицинскиот центар на Универзитетот Џорџтаун.

– ЧатГПТ по дизајн не може да оди напред и назад во своето расудување, тој е ограничен на линеарно размислување – рече Ризенхубер во интервјуто.

Идеологијата и вештачката интелигенција одат рака под рака

Тој е еден од многуте американски научници, кои од другата страна на Тихиот Океан работат на постигнување на свесната ВИ, односно Општата вештачка интелигенција. Нејзиното доаѓање, според зборовите на доајенот на ВИ во САД, Џефри Хинтон, може да биде и за само пет години од сега, а не за 50 или за 20 години како што тој претходно очекувал.

И Кинезите имаат свои стравови за целата работа со ВИ. Најголемиот страв што го покажале кинеските власти е дека ВИа може да доведе до домашен бунт против владеењето на Комунистичката партија. Се шпекулира и дека вештачката интелигенција која доаѓа од Западот може „погрешно“ да ги индоктринира Кинезите.

Затоа, кинеските научници бараат начин како да ја спојат идеологијата со ВИ, а според еден нивен труд, еден од начините е идеологијата да се „изучува“ преку директна врска мозок-компјутер.

Таквата примена на технологијата, се вели во трудот, била неизбежна.

Поврзани содржини