КИМЧИ НА МАКЕДОНСКИ НАЧИН Нема ништо како гравче-тавче и кисела-слатка-лута салата
Има ли нешто поубаво од гравче-тавче со салата, по можност, некоја ваква, ем свежа, односно, сирова, ем кисела и лута….
Кимчи е традиционален корејски гарнир направен од солени и ферментирани зеленчуци и е еден од главните елементи на корејската кујна. Постојат безброј различни видови на кимчи и различни региони во Кореја имаат свои уникатни рецепти во кои се користат различни состојки и методи.
Се смета за здрава, економична и разновидна храна. Подготовката на зеленчук може да потрае малку време, но процесот на ферментација не бара никакви активности освен – чекање.
Арно ама, ако сте од оние на кои кога нешто ќе им се пријаде, не им се чека ниту пет минути, тогаш можете да си направите кимчи и да го консумирате веднаш.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.