КИМ ЈОНГ УН ЗАБРАНИЛ ВЛОШКИ И КОНДОМИ Жените можат да изберат само 18 типови фризури
Мажите треба да носат само долги панталони, а жените здолништа и панталони кои ги покриваат колената. Жената имаат ограничен избор од 18 фризури, мажите само 15. Оние кои ќе се спротивстават ги чекаат парични казни, присилна работа, па и затвор.
Жените во Северна Кореја немаат пристап до вообичаени хигиенски влошки и тампони, додека мажите немаат пристап до кондоми. Всушност, претседателот Ким Јонг Ун ги забранил сите контрацептиви, при што медицинскиот персонал што ги нудел бил казнуван со присилна работа или затвор пишува The Star.
„Жените користат старомодни влошки кои ги мијат по употреба “, се вели во написот.
Контраефектот од оваа забрана се гледа во тоа што жените повторно користат платнени влошки што ги перат и многупати ги употребуваат, трпејќи здравствени ризици и ограничена автономија.
Жените бираат меѓу 18 типови фризури
Севернокорејската влада ги ограничи и следниве работи: Кока-Кола, производи на Епл и брза храна, со објаснување дека со забранат ја штити културата и го промовира иденетитетот на земјата.
Фармерките, пирсингот и креативните фризури се сметаат за американски империјализам и се забранети со закон.
Покрај тоа, властите воведоа строг дрескод. Мажите треба да носат само долги панталони, а жените здолништа и панталони кои ги покриваат колената. Жената имаат ограничен избор од 18 фризури, мажите само 15. Оние кои ќе се спротивстават ги чекаат парични казни, присилна работа, па и затвор.
Јавна егзекуција за цитирање на Библијата
Северна Кореја е секуларна држава, па Библијата и религиозните текстови се забранети. За јавна употреба или интерпретација на религиозни текстови може да биде изречена јавна казна или дури егзекуција.
Граѓаните на оваа држава имаат и минимален пристап до медиуми. Во етерот се само три телевизиски канали под врховна контрола, додека безжичниот интернет и меѓународните телефонски повици се кривично дело.
Неименуван извор наведува дека еден човек бил убиен бидејќи упорно се обидувал да телефонира надвор од земјата.