📽 КИМ ЈОНГ УН ОПУШТЕНО СО ЦИГАРА КРАЈ БАЗЕНОТ, ПОЗАДИ ТУРИСТИ НА ТОБОГАНИ Северна Кореја доби ново одморалиште – лидерот горд на „успехот на годината“

Лидерот на Северна Корејам Ким Јонг Ун, ја преуредува морската метропола Вонсан - популарно летувалиште за локалците - со надеж дека ќе ја претвори во туристичка атракција, вредна милијарди долари. Плановите за развој на Вонсан се проширија уште од 2014 година, кога беа првично објавени.

4,953

Северна Кореја заврши со изградбата на огромна туристичка зона на своето источнo крајбрежје во четвртокот – проект којшто лидерот Ким Џонг Ун го турка со години за да го развие туризмот, јави државната агенција КЦНА, пренесе Ројтерс.

Ким изјави дека со големо задоволство присуствувал на свеченото отворање на туристичката област Вонсан Калма, која може да прими околу 20.000 посетители. Тој изјави дека земјата ќе изгради уште вакви големи туристички комплекси со забрзано темпо.






Ким ја преуредува морската метропола Вонсан – популарно летувалиште за локалците – со надеж дека ќе ја претвори во туристичка атракција, вредна милијарди долари. Плановите за развој на Вонсан се проширија уште од 2014 година, кога беа првично објавени.

Во вторникот, Ким Џонг Ун е забележан како опуштено ужива покрај базенот, со цигара во рака, додека во позадина туристи се забавуваат на тобоганите. Со него се неговата ќерка Ким Ју Ае – за која се смета дека би можела да го наследи – и сопругата Ри Сол Ју. Триото беше фотографирано и на долгата четирикилометарска плажа, во придружба на официјални лица, со хотелските комплекси во заднината.

Зоната сѐ уште не е отворена за странски туристи

Иако туризмот е еден од ретките извори на девизи кои не се цел на санкциите на ОН, Северна Кореја немаше голем странски партнер за овој проект, особено поради санкциите поврзани со нејзините воени програми.

Според КЦНА, зоната ќе се отвори за домашни гости на 1 јули, но не се наведува кога би можела да биде достапна за странски туристи.

Северна Кореја ги затвори своите граници во 2020 година поради пандемијата, но почна постепено да ги укинува рестрикциите од 2023 година.

Иако дозволи влез за руски туристички групи, главниот град и другите делови на земјата сѐ уште не се отворени за редовен туризам. Во април, сепак, одржа маратон на кој учествуваа странски тркачи.

Русија и Северна Кореја, двете политички и економски изолирани држави, имаат сѐ потесни односи – Пјонгјанг испраќа војници, муниција, артилерија и ракети за руската војна во Украина.

Рускиот амбасадор во Северна Кореја и вработените во амбасадата беа поканети како почесни гости на свеченоста во Вонсан, објави КЦНА.

Двете земји се договориле да ја прошират соработката во туризмот, вклучително и со повторно воведување на директен патнички воз меѓу нивните главни градови – првпат по 2020 година.

„Ким Џонг Ун изрази уверување дека брановите на среќата, што ќе се кренат во туристичката област Вонсан Калма, ќе го зајакнат нејзиното привлечно име како туристички и културен центар од светско ниво“, соопшти КЦНА.

Поврзани содржини