„КЕРБЕР“ ИЛИ „ЛУЦИФЕР“ СЕКАКО Е ПЕКОЛЕН! Еве зошто топлотниот бран што ја гори Европа носи имиња од „Пеколот“

599

Силен топлотен бран деновиве ја зафати Јужна Европа, хидрометереолошките станици во Македонија и во другите земји од балканскиот регион веќе издадоа портокалово предупредување поради високите температури на воздухот што ги носи топлотниот бран „Кербер“ или „Луцифер“ како што го нарекуваат дел од регионалните и светските медиуми последните неколку години кога пишуваат за екстремно високи температури во летниот период.

Се работи за метеоролошки феномен наречен „Луцифер“, кој е антициклон кој се движи од Африка и го турка топол воздух над италијанскиот полуостров, пишува Вечерњи лист.






фото: EPA-EFE/Riccardo Antimiani

 

Засега не е познато потеклото на ова име, ниту кој бил „кум“ на топлотниот бран, иако е усвоено и користено од големите светски медиуми.

– Во метеорологијата не постои правило да се даваат официјални имиња на вакви појави. Имиња се даваат на тропските циклони кои дуваат со 300 километри на час и тоа се прави во последните 70-80 години. Има дури и листа на однапред одредени имиња за вакви појави кои се официјално дадени по редоследот по кој се предвидува и се појавува тропски циклон, појаснува српскиот метереолог НедељкоТодоровиќ за Данас.

Тој додава и дека давањето на имиња на топлотен бран во текот на летото, колку и да е тој „пеколен“, понекогаш е претерување и

– Повеќето од официјалните национални метеоролошки служби не го прават тоа. Германската служба, додуша, понекогаш објавува конкурс на веб-страницата за спонзорирање на одредени метеоролошки појави, но другите не. Има и приватни метеоролошки служби и аматери кои се љубители на метеорологијата и природата кои сакаат да прават сензации, но официјално екстратропските циклони или антициклони, како овој со висок притисок и топол воздух, не се именувани, објаснуваТодоровиќ.

Според метеорологот Владимир Ѓурѓевиќ, името „Луцифер“ за топлотниот бран во Европа се појавило во 2017 година. Тој истакнува и дека топлотните бранови вообичаено, немаат официјални имиња и дека тие во метереолошката практика се даваат само на ураганите и тропските бури.

– Името „Луцифер“ уште во 2017 година се споменуваше кога земјите од Западна Европа беа погодени од високи температури во текот на летото, па сега некој веројатно оттогаш го „рециклирал“ името. Сепак, не се знае кој тогаш го дал тоа име. Претежно некои метеоролози кои се активни на интернет и на социјалните мрежи, одлучуваат за име, а потоа почнува да се користи неофицијално, најмногу во медиумите. Мора да има строги правила за тоа, но во моментов нема, вели Ѓурѓевиќ.

Зборот „Луцифер“, инаку, има двојно значење. На латински, Луцифер е монета од зборовите lux и ferre и значи оној што ја носи светлината, носителот на светлината.

Во астрономијата, тоа е името на планетата Венера кога се појавува пред изгрејсонце. Меѓутоа, тоа значи и владетел на темнината, поглаварот на ѓаволот, сатаната, ѓаволот, според алегорискиот приказ на пророците Исаија и Лука.

фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

 

Италијанското метеоролошко друштво новиот топлотен бран што ја зафати Италија и цела јужна Европа го нарече „Кербер“ по чудовиштето со три глави што се појавува во „Пеколот“ на Данте како чувар на портите на пеколот.

– Земјата има висока температура и Италија тоа го чувствува од прва рака, изјави за Си-Ен-Ен, Лука Меркали, раководител на Италијанското метеоролошко друштво.

Топлотниот бран во Италија летово веќе однесе најмалку еден живот. Како последица од екстремните жештини во градот Лоди почина 44-годишен маж.

„Се соочуваме со бран на ненормални горештини на неподносливо ниво. Можеби треба да биде случај во најжешките часови да се преземат сите корисни мерки на претпазливост за да се избегнат трагедии како онаа што се случи денеска во Лоди“, напиша италијанскиот политичар Никола Фратојани на Твитер.

Предупредувањето доаѓа по метереолошките најави дека во врвот на топлотниот бран „Кербер“ или „Луцифер“ како и да е, што се очекува да биде утре и во текот на викендот, може да има пеколни температури кои во некои делови од Италија може да достигнат и до 49 Целзиусови степени.

Поврзани содржини