КАЖЕТЕ МУ ЗБОГУМ НА ПЛАСТИЧНИОТ ПРИБОР, ОСОБЕНО АКО Е ЦРН Веројатно е време да се откажете од црните кујнски помагала

Некои истражувања сугерираат дека постои можност, особено црната пластика да содржи ниски нивоа на токсични хемикалии, вклучувајќи средства за забавување на пламенот, кои можат да се пробијат во храната за време на готвењето.

92

Неодамнешните научни истражувања открија загрижувачко присуство на токсични хемикалии во црниот пластичен кујнски прибор и опрема, како што се тенџериња за готвење, шпатули и чинии. Особено е важно присуството на забранети бромирани средства за забавување на пламенот, како што е декабромодифенил етер (декаБДЕ), кои се поврзани со сериозни здравствени ризици.

Истражувањето, објавено во списанието „Chemosphere“, анализирало 203 производи од црна пластика, вклучувајќи 109 кујнски помагала. Резултатите покажале дека 85 проценти од тестираните примероци содржеле бромирани средства за забавување на пламенот, вклучувајќи декаBDE, кој е забранет во САД и ЕУ поради неговата токсичност.






Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини