КАЖАЛА ВИЦ ЗА МАРШАЛОТ, ЗАВРШИЛА НА ГОЛИ ОТОК „Тито љубичице бела, воли те омладина цела“

„Девојките беа претворени во старици, им паднаа забите, се разболеа додека дојде веста дека нивните деца се откажале од нив“, напишала Лебл во својата книга за нејзината голгота, која ја објавила во Израел, земјата кајшто се преселила и починала во 2009 година.

749

Јуогословенскиот социјализам не бил баш погодно време да се кажуваат вицеви за Маршалот, а се чини дека на Голи Оток страдале и жените. Малку се знае за приказната на Јованка Жена Лебл, новинарка која две и пол години била измачувана само затоа што едно утро во редакцијата на „Политика“ го кажала она за Тито и љубичиците, пишува Блиц.

„Девојките беа претворени во старици, им паднаа забите, се разболеа додека дојде веста дека нивните деца се откажале од нив“, напишала Лебл во својата книга за нејзината голгота, која ја објавила во Израел, земјата кајшто се преселила и починала во 2009 година.






Слоганот „ Тито љубичице бела, воли те омладина цела“ добил ново значење во Југославија, кога таа кобна 1949 година земјата навистина победила на меѓународен натпревар за цвеќе бидејќи некој успеал да одгледа љубичица која тежела 100 килограми. Тогаш и се родил вицот и споредбата меѓу Маршалот и цвеќето. А, најлошиот дел е што Лебл, која инаку била од еврејско потекло, не го измислила вицот, туку само го прераскажала она што ѝ го кажал некој колега.

 

Лебл имала само 22 години, но нејќела да признае кој ѝ го кажал вицот, а ја испрашувале во пет затвори: во Главњача, па во логорот Рамски рит, па во Жабела, Гргур, за да заврши на Голи Оток. Таа подоцна била исклучена од Здружението на новинари на Југославија.

„Само жедните знаат да ја ценат водата. Бевме опкружени со море, а бевме жедни до лудило“, пишува во нејзината книга „Љубичица бела“.

Поврзани содржини
na