КАВГИТЕ ГО СПАСУВААТ БРАКОТ Колку кавги месечно се потребни за добар брак?
Несогласувањата во бракот можат да влијаат за подобрување на неговиот квалитет. Така барем тврдат научниците.
Иако многумина мислат дека најсреќните парови никогаш не се караат, се чини дека овие кавги придонесуваат за стабилна врска. Најнова студија покажа кои се сите тајни на совршениот брак. Студијата спроведена во Велика Британија на 2.000 среќни брачни парови покажа дека рецептот за совршен брак лежи во секојдневниот разговор, времето поминато заедно и најмалку две големи кавги секој месец. Сепак, важно е никогаш да не си легнувате лути, помирувањето е неопходно после секоја кавга. По испитувањето, многу парови во студијата „The Warner Leisure Hotels“ признале дека за хармоничен брак придонесуваат и меѓусебното жалење поврзано со работното место или други проблеми, покажувањето меѓусебно почитување, но и меѓусебното глупирање.
Посреќни се паровите чии брачни партнери продолжуваат да се занимаваат со хобијата со кои се занимавале додека не запловиле во брачните води и оние кои ѝ дозволуваат на својата поубава половина да се појави во нивното најлошо издание.
Исто така, заедничките одмори, без разлика дали се пократки или подолги, значително придонесуваат за силна врска.
– Не е чудно што заедничките одмори се една од тајните состојки на среќниот брак. Многу парови тврдат дека секогаш се чувствуваат повеќе поврзани откако ќе поминат викенд заедно без секојдневни обврски – вели авторот на студијата, Сајмон Томпсон.
Речиси 70 отсто од испитаниците тврдат дека времето поминато заедно може да ги потсети зошто се сакаат, а исто толку важност придаваат и на тоа што нивниот партнер е романтичен. Од нив 36 отсто се задоволуваат со помали гестови на внимание, како заедничка вечера.
Истражувањата покажуваат дека е потребна доза на хумор, наклонетост и разбирање за врската да биде возбудлива. Наведено е и дека е важно да му ги простите лошите навики на партнерот и никогаш да не игнорирате кога е нерасположен или кога му е здодевно.