КАВАСАКИ НАПРАВИ РОБОТСКИ ЈАРЕЦ Јавајте го Бекс по карпести предели (ВИДЕО)
Инсцпирација за Бекс е афроазиската коза Ибекс. Освен што роботот се „пентери“, како што се гледа на видеото, тој има тркала кои можат да се искористат ако козата ги склопи нозете. Секако, главата и роговите на козата се неупотребливи, но додаваат многу на дизајнот на оваа машина.
Кавасаки, познатиот јапонски производител на мотоцикли, буквално произведе роботски јарец кој има тркала и може да носи човек на својот грб, пишува ИнтересноИнеженерство. Козата по име Бекс беше прикажана на Меѓународната изложба на роботи во Токио, а ќе се користи за качување на незгоден карпест терен, онаму каде обичните возила не можат.
Еве како изгледа јавањето роботска коза:
Инсцпирација за Бекс е афроазиската коза Ибекс. Освен што роботот се „пентери“, како што се гледа на видеото, тој има тркала кои можат да се искористат ако козата ги склопи нозете. Секако, главата и роговите на козата се неупотребливи, но додаваат многу на дизајнот на оваа машина.
„Истражувачите поминаа толку многу време прашувајќи се дали можат, никогаш не престанаа да размислуваат дали треба (да направат роботска коза)“, се вели во еден од коментарите на Јутјуб.
Не е чудо што Кавасаки се решија за коза, ако се знае дека роботот-куче на Бостон Дајнамикс, кое може да имитира и човечки движења, беше хит на социјалните мрежи, но и во современата роботика која сè повеќе се доближува до биологијата на вистинските човечки или животински екстремитети, нивните зглобови и комплексна подвижност.
Еве како кучето на Бостон Дајнамикс ги имитира танцовите движења на Мик Џегер: