КАТАР ГИ ШПИОНИРА НАВИВАЧИТЕ, ФИНАЛЕТО ПОДМИТЕНО? Три мега скандали околу првенството избија на површината

Повеќе европски земји ги предупредија своите навивачи со следниот совет – пред да слетате во Катар, испразнете го мобилниот од секакви фотографии, видеа и информации, направете фактори рисет или понесете комплетно нов мобилен телефон, ако веќе ја инсталирате апликацијата.

2,148

Двете апликации кои навивачите ги преземаат за фудбалското првенство во Катар „одат многу подалеку“ во доменот на модерната шпионажа, до степен државата да ги следи луѓето преку собирање нивни информации, пишува Политико.

Повеќе европски земји ги предупредија своите навивачи со следниот совет – прецд да слетате во Катар, испразнете го мобилниот од секакви фотографии, видеа и информации, направете фактори ресет или понесете комплетно нов мобилен телефон, ако веќе ја инсталирате апликацијата.






„Постои реална можност посетителите на Катар, а особено ранливите групи, да бидат следени од катарските власти“, се вели во соопштението на норвешкиот оператор за заштита на податоци.

Слично предупредување стаса и од Франција и од Германија.

„Една од апликациите собира податоци за тоа дали и со кој број се остварува телефонски повик“, велат германските власти.

„Другата апликација активно спречува уредот на кој е инсталиран да премине во режим на мирување. Очигледно е и дека податоците што ги користат апликациите не само што остануваат локално на уредот, туку се пренесуваат и на централен сервер“, се додава во нивниот проглас.

 

6.500 луѓе загинале за да се случи првенство

Но, ова е само еден од трите поголеми скандали коишто избија за првенството на самиот негов почеток. Голема прашина се крена и кога лондонски Гардијан објави дека од доделувањето на Мундијалот во 2010 до 2021 година починале повеќе од 6.500 гастарбајтери кои работеле на изградба на спортски објекти за Светското првенство. Првенството било изградено на модерно ропство, напишаа американските медиуми.

Се смета дека работниците од Непал, Индија, Пакистан, Бангладеш и други азиски земји често биле третирани како робови при изградбата на стадионот, а најмалку 200 од нив загинале од жештините. Амнести интернешенл, пак, смета дека околу 100.000 работници се експлоатирани во изградбата на инфраструктурата за првенството. Дневното работно време на многу работници од мигрантите, особено во секторот домаќинство и безбедност, било од 14 од 00 до 18:00 часот.

Перење на шеријатската монархија

Катар потоа објави официјални деманти за нехуманиот третман на работниците, наведувајќи дека само 50 работници загинале при изградбата на инфраструктурата за претстојното Светско првенство. Само 50?

Да се потсетиме. Катар е апсолутна монархија со која владее емирот Тамим бин Хамад Ал Тани и во која се на сила шеријатските закони. Нема алкохол, нема носење ленти на рамото со ЛГБТ, нешто од што по големо негодување и најавен бунт се откажаа десетина западни земји кои претходно најавија бунт и беа спремни да платат парични казни.

Ако се земе дека Катар е модерна монархија, тогаш светското првенство е обид за т.н. „спортско перење“, обид за позитивно претставување на владејачкиот (недемократски) режим со помош на голем настан како Светското првенство .

ФИФА е разоткриена

Третиот скандал кој изби на почетокот на првенството е поврзан со неговиот крај – големото финале. Неодамна објавениот документарец за Нетфликс, „ФИФА разоткриена“, покажува дека еден од учесниците во кандидатурата на Катар за Светското првенство тврдел дека на тројца африкански функционери им биле понудени пари за поддршка на арапската нација во нејзината кандидатура за турнирот. Се тврди дека во замена за нивниот глас им биле понудени неколку милиони долари.

Портпаролката за кандидатурата на Катар, Федра Алмаџид, задолжена за меѓународниот печат, овие тврдења ги изнесе во „ФИФА разоткриена“. Да потсетиме, Катар го доби домаќинството на турнирот по гласањето на „ФИФА разоткриена“, на кое заврши пред Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и САД.

Во документарецот портпаролката тврди дека Хасан Ал Тавади, шеф на кандидатурата на Катар, им понудил пари на челниците на ФИФА од Камерун, Брегот на Слоновата Коска и Нигерија за да го обезбеди нивниот глас. Ал Тавади сега е генерален секретар на Врховниот комитет задолжен за Светското првенство во 2022 година.

Зошто само ФИФА да решава за првенствата?

Случајот со Катар е само најнов пример од многуте разоткриени мита околу ФИФА. Фактот дека првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино сега живее во Катар, не ги подобрува работите. Една од големите критики дали и каде да се одржува следното првенство е дека за тоа треба да одлучуваат сите национални подружници на ФИФА, а не 25 мажи во најтесниот врв од Извршниот комитет.

Истовремено, сѐ погласни се оние кои веруваат дека ФИФА треба едноставно да се укине. Некои навивачи сметаат дека големите спортски натпревари во иднина треба да ги организираат и други организации. До тогаш, за Светското првенство во фудбал ќеа одлучува ФИФА, која само од телевизиските права на натпреварите во Катар ќе заработува милијарди.

Поврзани содржини