КАСЕТНИТЕ БОМБИ ПРВО ЌЕ ПАДНАТ ВО БАХМУТ? Тоа нема да ја забрза украинската контраофанзива, признава главниот стратег
Новинарите на Би-Би-Си виделе американски хаубици М777 кои ќе испукаат касетни бомби. Тие биле поставени околу Бахмут. Генералот Сирски вели дека повторното заземање на градот би имало повеќе од симболична вредност. Тој тврди дека Бахмут има и стратешко значење, тој е порта кон другите клучни градови во регионот. Но, тој признава дека контраофанзивата оди споро, затоа што Русите минирале големи површини на исток и имаат појака артилерија, без разлика што бројот на војници на овој фронт е изедначен - 160.000.
За првпат бројот на украински војници на источниот фронт, 160.000, се совпаѓа со оној на руските, но Русите имаат предност во артилеријата. Украинската контраофанзива оди споро, касетните бомби нема да ги решат сите проблеми, а сепак ќе помогнат да падне клучниот Бахмут и да се отвори вратата кон Крим.
Ова се накратко видувањата на украинскиот воен врв во моментот. Би-Би-Си направи интервју со човекот кој стои зад украинската контраофанзива, генералот Олександр Сирски, кој на интернет е опишан и како „најуспешниот генерал на 21 век досега“. Сирски ја предводеше одбраната на Киев против Русите минатото лето и го одбрани градот. Беше и мозокот зад украинските операции во Харков.
– Би сакале да постигнеме многу брзи резултати. Но, во реалноста тоа е практично невозможно – вели тој за новинарите на Би-Би-Си кои се сретнале со него на тајна локција во едно командно возило.
Русите минираа сè, но важни се малите победи
Тој вели дека и на областа на исток од Бахмут е преплавена со мини и одбранбени бариери. Русите, вели тој, имаат многу упоришта. Генералот потврди дека американските касетни бомби сега пристигнале во Украина и дека ќе бидат подготвени за употреба за неколку дена.
Новинарите видоа американски хаубици М777 кои ќе испукаат касетни бомби. Тие беа поставени околу Бахмут. Генералот вели дека повторното заземање на градот би имало повеќе од симболична вредност. Тој тврди дека Бахмут има и стратешко значење – тој е порта кон другите клучни градови во регионот.
– Нашиот народ чека на победи, му требаат мали победи – смета тој.
Вагнеровците убиваа заради убивање
Полковник Олександр Бакулин, командант на 57-та бригада, вели дека Русите сега се во неволја. Тој вели дека не го потценува својот непријател, но дека редовните руски трупи со кои сега се соочува не се ништо слични споредени со платениците на „Вагнер“, Евгениј Пригожин кои на крајот го зазедоа градот претходно оваа година.
Вагнеровците, вели тој, „биле непријатни непријатели (…), тие убивале заради убивање“.
– Ако вложиме малку труд, Бахмут би можел да биде опколен – вели полковникот.
Да не искористеа Русите касетни бомби, можеби немаше и ние
Тој признава и дека касетните бомби се контроверзно оружје:
– Да не го искористеа Русите, можеби нашата совест немаше да ни дозволи да го направиме тоа.
Украина соопшти дека вратила своја окупирана територија од речиси 30 квадратни километри јужно и северно од Бахмут. Украинската заменик министерка за одбрана Хана Маљар изјави дека руските сили во градот наскоро ќе бидат заробени.
Сепак, гранати сè уште паѓале врз украинските позиции на само три километри од градот додека било правено интервјуто на Би-Би-Си.