КАРЛА, ВЕРОНИКА, ФРАНЧЕСКА, „БУНГА-БУНГА“… Колку љубови имаше Силвио Берлускони?

Првата сопруга на Силвио Берлускони е Карла Елвира Лусија дел Олио (83), која имала 24 години кога го запознала поранешниот италијански премиер. Се запознале на една трамвајска станица во Милано, си размениле погледи и од тој момент биле неразделни до разводот во 1985 година, со што ставиле крај на нивниот 20-годишен брак.

1,356

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони почина во болница во Милано, јавија италијанските медиуми.

Во април годинава тој беше хоспитализиран, а најпрвин се пишуваше дека причината се проблеми со срцето, а потоа се дозна дека му е дијагностицирана леукемија. Берлускони во последните години често беше во болница.






Сепак, покрај политичката кариера, големо внимание во јавноста привлече и неговиот бурен љубовен живот, пишува српски Курир.

Првата сопруга на Силвио Берлускони е Карла Елвира Лусија дел Олио (83), која имала 24 години кога го запознала поранешниот италијански премиер. Се запознале на една трамвајска станица во Милано, си размениле погледи и од тој момент биле неразделни до разводот во 1985 година, со што ставиле крај на нивниот 20-годишен брак.

Една година по венчавката ја добија ќерката Марина, која е претседателка на „Фининвест“ и на групата „Арнолдо Мондадори Едитор“. Тие во 1969 година го добија синот Пјеро Силвио, а денес е извршен потпретседател и директор на групата „Медиасет“.

Бракот на Карла и Берлускони падна во криза уште во 1980 година. Ниту двајцата не открија зошто се разделиле, но се шпекулираше дека нејзината прељуба е причината. Силвио лудо се вљубил во 20 години помладата актерка Вероника Ларио (66), која ја запознал во театар во Милано.

Имено, откако неговата сопруга Вероника Ларио го остави во 2009 година со образложение дека претерано се „дружи со малолетни девојки“, Силвио живее како да е „ослободен од синџирот“, а разводот и донесе рекордна алиментација. – 1,4 милиони евра месечно.

Берлускони и Марта Фашина, последната жена која симболично ја ожени

Истата година беше покрената истрага, која покажа дека Силвио присуствувал на 18-тиот роденден на аспирантната актерка и модел. Истата година беше објавено видео снимено од една проститутка во креветот на Берлускони.

Во 2010 година беше покрената опсежна истрага за „бунга-бунга“ забавите на Силвио Берлускони, каде наводно имало многу малолетни девојчиња.

Поранешниот премиер претходно беше осуден за плаќање шест милиони фунти на малолетната мароканска проститутка Карима за сексуални услуги во периодот од февруари до мај 2010 година, но Силвио беше прогласен за невин по жалбата.

Тој беше дел и од финансиски скандали откако во 2013 година беше осуден за даночна измама и беа откриени неколку случаи на проневера.

Сепак, Берлускони од сите скандали излезе релативно неповреден, бидејќи сепак успеа да остане во политичките води на Италија.

Сепак, многу жени не можат, а да не го обвинат за скандалот што избувна кога ја остави својата долгогодишна девојка Франческа Паскал, која во тоа време, на 34-годишна возраст, според неговите зборови, била „премногу стара за него дури и во неговата зрела возраст“.

– Тој ќе ми биде драг засекогаш. Му ја посакувам сета среќа на светот и се надевам дека ќе најде некој што ќе се грижи за него како мене – изјави тогаш Франческа, која италијанските медиуми ја наведуваат како виновник за раскинувањето на врската.

Имено, таа наводно постојано инсистирала Берлускони да се ожени со неа, па се чини дека ваквиот став довел до тоа да остане зад себе.

По Франческа, Силвио започна врска со 33-годишната Марта Фашина, која е 53 години помлада од него, а парот минатата година си вети вечна љубов.

Силвио Берлускони излегуваше со Марта Фашинао, но нивниот брак не беше официјален, што многумина ги збуни. Тие двајца направија симболична венчавка за 60 гости.

Симболичната венчавка е всушност ветување за љубов, но без законска моќ. Медиумите објавија дека контроверзниот милијардер само за оваа свадба потрошил 400.000 евра.

Поврзани содржини