КАНИБАЛОТ КОЈ ИЗЕДЕ СТУДЕНТ И МУ ГИ СПРЖИ ТЕСТИСИТЕ Случајот со Марк Латунски уште одекнува во САД
Обвинетиот им кажал на инспекторите дека често јадел остриги и тестиси од биковите од Карпестите планини и решил да го стори истото со деловите од телото на Бејкон. Примероци од ДНК-та на Бејкон биле пронајдени во тава на шпоретот во куќата на Латунски, додека ДНК на Латунски е пронајдена на рачката.
Пред девет месеци маж од Мичиген во САД беше осуден на доживотен затвор по обвинение дека за убиството на студент чие тело тој го изел и осакатил, а тестисите, како што потврдил пред судот, ги спржил во тава. Претходно судот го прогласи мажот за неподобен за судење и луд, а на оваа карта играше и неговиот адвокат. И покрај тоа, човекот го признал грозоморниот чин кој и денес одекнува во американската јавност.
Се работи за Марк Дејвид Латунски, познат како „канибалот од Мичиген“, кој го запознал 25-годишниот студент Кевин Бејкон во 2019 година на апликацијата Гриндр каде обично се запознаваат хомосексуалци. Студентот бил пронајден обесен од глуждовите во куќата со убодни рани и расечено грло. Латунски пред судот изјави дека го прободел Бејкон во грбот во неговиот дом.
Латунски, наводно, им признал на истражителите дека му рекол на Бејкон дека може да му помогне да „исчезне“. Тој рече дека го прободел студентот во задниот дел од главата, но потоа му го пресекол грлото откако сфатил дека тој сè уште е жив.
– Откако г-дин Бејкон почина, дали му извадивте некој дел од телото, особено тестисите? Дали тие тестиси ги преместивте во кујната? – продолжи судијата.
– Да, го сторив тоа – потврди Латунски.
Обвинетиот им кажал на инспекторите дека често јадел остриги и тестиси од биковите од Карпестите планини и решил да го стори истото со деловите од телото на Бејкон. Примероци од ДНК-та на Бејкон биле пронајдени во тава на шпоретот во куќата на Латунски, додека ДНК на Латунски е пронајдена на рачката.
Претходно, во октомври 2020 година, канибалот беше прогласен за ментално способен да му се суди по неколкумесечна психијатриска нега во болница во Мичиген, според ABC 123. Неколку месеци по таа одлука, друг судија пресуди дека Латунски не е подобен за да му се суди наредувајќи му да побара лекување.
Во октомври 2019 година, маж од Њујорк кој го посети Латунски во Мичиген повика полиција додека бегаше од домот на Латунски, откако тој наводно се разбудил во подрумот. Човекот се јавил во полиција и рекол дека побегнал од куќата на Латунски, плашејќи се да не го држат против своја волја, врзан со синџири во подрумот.