КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ВАКЦИНАЦИЈАТА НА ДЕЦАТА Здравство и УНИЦЕФ апелираат за зголемување на вакцинирањето со МРП
МРП вакцината бележи најнизок опфат, во споредба со сите останати вакцини, така што посебен фокус во министерството за здравство се става на оваа вакцина и на заштитата од овие заболувања (мали сипаници, рубеола и заушки)
Во 2020 година се бележи исклучително низок опфат со МРП вакцината на национално ниво, од 63 отсто за прва доза и 68,5 отсто за втората доза. Министерството за здравство и здравствените установи кои спроведуваат вакцинација, во напорите за засилување на вакцинацијата успеаjа да го зголемат опфатот во 2021 година, така што за прва доза МРП вакцина тој изнесува 70,4 отсто, а за втората доза 80,4 отсто. Но, сепак овој опфат е далеку од потребниот процент од 95 отсто вакцинирани лица за постигнување на колективен имунитет и заштита во заедницата.
Ова денеска го истакна министерот за здравство Беким Сали на прес-конференција што се организира, како што рече, во пресрет на Европската недела за имунизација, која традиционално се одбележува последната недела од април, а воедно и да го означат почетокот на заедничка кампања со УНИЦЕФ за потенцирање на важноста на редовната имунизација, како најдобра превентивна мерка за заштита од заболувањата.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.