КАМО ДА БЕА ВОНЗЕМЈАНИ ШПИОНСКИТЕ БАЛОНИ Познатиот Сноуден ги коментираше незнајните објекти соборени над Северна Америка
Во постот Сноуден го спомна и Северен тек, односно цевката од Северен тек која пукна лани во септември, а за која пред некој ден познатиот новинар Сејмур Херш објави сторија во која обзнанува како САД со помош на Норвешка извршиле диверзија во Балтичкото море и преку далечинско активирале експлозив под цевката која носи гас од Русија за Европа.
„Тоа не се вонземјани. Посакувам да се вонземјани. Но, тоа не се вонземјани. Тоа е само старата конструирана паника, атрактивна непријатност што обезбедува новинарите од (националната безбедност) да добијат задача да ги истражуваат гомнениците со балони наместо да ги истражуваат буџетите или бомбардирањата како што е експлозијата на цевка во Северниот тек“.
Ова е ставот за кинеските балони на некогашниот познат американски разузнавач Едвард Сноуден кој е во егзил во Русија. Тој беше свиркач за службата НСА, а сега има руски пасош.
Сноуден го напиша овој пост на Твитер коментирајќи ги четирите незнајни предмети соборени над САД и над Канада изминатава недела. Предметите, кои стручно и се нарекуваат НЛО-а бидејќи се неидентификувани, кренаа прашина во медиумите и во јавноста во овие две земји откако американските власти на почетокот рекоа дека не е исклучено и да се работи за вонземски објекти.
Во постот Сноуден го спомна и Северен тек, односно цевката од Северен тек која пукна лани во септември, а за која пред некој ден познатиот новинар Сејмур Херш објави сторија во која обзнанува како САД со помош на Норвешка извршиле диверзија во Балтичкото море и преку далечинско активирале експлозив под цевката која носи гас од Русија за Европа.
Во меѓувреме, се појави веста дека веќе се пронајдени сензорите и антената на првиот бел кинески балон кој беше соборен над морето. Портпаролот Белата куќа излезе со изјава дека сепак не се работи за вонземски живот.
Истовремено, милијардерот Илон Маск на Твитер се пошегува дека тоа се неговите пријатели вонземјани кои само застанале да наминат на планетата Земја.
Од достапните информации, досега американските власти обзнанија дека другите три објекти се помали од балонот и не личат на него, но дека се со големина на мал автомобил, а притоа прилично лесни.
Кина од своја страна, обвини дека САД летале со свои балони над нејзината територија, лани, најмалку 10 пати.