КАКВА ЛЕГЕНДА Бреговиќ по луксузните белградски населби се вози во стар Трабант (ВИДЕО)
„Па, тој е легенда што и да вози, не е надуен и болен како што повеќето ги следите“, „Каков цар“, „Легенда“, се восхитуваа фановите во коментарите на изборот на автомобил на Бреговиќ.
Горан Бреговиќ низ белградските улици се вози во најмалку триесет години стар Трабант.
Камерите на српскиот Папарацо го снимиле зад воланот на жолт трабант, веднаш откако влегол во зградата со луксузни станови во комплексот Белград на вода.
– Горан Бреговиќ вози Трабант, а ги гледа најскапите станови во Белград – стои во објавата на емисијата.
Но, треба да се нагласи дека Бреговиќ за новогодишната ноќ настапува на платото пред зградите на комплексот Белград на вода, па можно е токму тоа да биде причина за неговата посета.
Но, секако повеќе внимание од локацијата што ја посети го привлече жолтиот Трабант што Бреговиќ го вози низ луксузната белградска населба во која живее.
„Па, тој е легенда што и да вози, не е надуен и болен како што повеќето ги следите“, „Каков цар“, „Легенда“, се восхитуваа фановите во коментарите на изборот на автомобил на Бреговиќ.
Тарабант се произведуваше до 1991 година
Инаку, Трабант се произведуваше од 1957 до 1991 година. До обединувањето на Германија и престанокот на производството во 1991 година, произведени се околу три милиони трабанати.
Двотактниот мотор на Трабант со многу чад од издувните гасови сè уште е симбол на социјализмот и планираната економија. Фабриката во Цвикау не се замараше многу со технолошкиот развој, па Трабант доби само четиритактни мотори кон крајот на 1980-тите.
Во 2017 година, во Германија имало 34.500 регистрирани Трабанати.