КАКОВ БИЛ СТАВОТ НА АЈНШТАЈН ЗА ИЗРАЕЛ И ЗА ПАЛЕСТИНА? Транскрипти ги откриваат комплексните идеи на научникот

Транскриптите биле пронајдени во Принстон, Њу Џерси, САД, каде што научникот со години истражувал во Институтот за напредни студии. Ајнштајн, кој починал на 77-годишна возраст во април 1955 година, себеси се опишувал како „магнет за сите луди луѓе“, пишува Танјуг.

463

Во неодамна објавената книга „Протоколот на Ајнштајн“ (Ich bin ein Magnet für alle Verrückten. Die Einstein‑Protokolle – Sein Leben, seine letzte Liebe, sein Vermächtnis), германскиот новинар и писател Петер фон Бекер објавува транскрипти од приватни разговори на светски познатиот научник, од последната година и пол од неговиот живот.

Разговорите што Ајнштајн ги водел со својата партнерка, чешката библиотекарка Јохана Фантова, ги откриваат неговите политички ставови, длабокиот интерес за уметноста и музиката, како и личниот поглед на светот. Фантова ги документирала овие разговори во своите дневници, кои биле откриени дури во 2004 година, а Бекер ги анализирал во книгата.






Поради неговото еврејско потекло, во Германија Ајнштајн бил третиран како „непријател број еден“ од страна на нацистичкиот режим. Тој бил надвор од земјата кога Адолф Хитлер дошол на власт и никогаш не се вратил во Германија. По Холокаустот, Ајнштајн го поддржувал Израел, бидејќи сметал дека Евреите треба да имаат безбедно засолниште, но истовремено бил и критичен кон младата држава.

„Трогателно е да се види дека тој истовремено жестоко се залагал за еднакви права меѓу Евреите-Израелци и Арапските Палестинци. Ова звучи неверојатно современо. Би било прекрасно ако денес постоеше некој со моралниот и интелектуалниот авторитет на Ајнштајн, чии зборови навистина би се слушале од сите страни“, заклучува фон Бекер.

Транскриптите биле пронајдени во Принстон, Њу Џерси, САД, каде што научникот со години истражувал во Институтот за напредни студии. Ајнштајн, кој починал на 77-годишна возраст во април 1955 година, себеси се опишувал како „магнет за сите луди луѓе“, пишува Танјуг.

– А токму тие луѓе ме интересираат. Реконструирањето на нивното размислување ми е хоби. Длабоко ми е жал за овие луѓе, па се обидувам да им помогнам – изјави научникот.

Фантова запишувала сè што Ајнштајн рекол, „веројатно со негово знаење“, наведува фон Бекер.

– Тој ѝ раскажувал што му се случувало во текот на денот, за што размислува, што читал или слушал. Бев воодушевен што можев навистина да ѕирнам во срцето и умот на најпознатата личност на 20 век, а можеби и на целата модерна ера. Во разговорите со неговата девојка може од прва рака да се почувствуваат секојдневните чувства на постариот Ајнштајн – објаснува писателот, нагласувајќи дека дури и во подоцнежните години, физичарот останал отворен за сè ново.

– Толерантен кон другите мислења и прилично бистар во својот жив интерес за политиката – додава Фон Бекер.

„Ајнштајн бил остар критичар на капитализмот и вооружувањето за време на Студената војна“, посочува Фон Бекер.

– Да, јас сум стар револуционер, како што секогаш велите. Да, политички, јас сè уште сум Везув што исфрла оган – рекол Ајнштајн во февруари 1954 година.

Ајнштајн се спротивставувал на „сè поголемото вооружување на Истокот и Западот“, неограничениот капитализам и „екстремното богатство“, а го бранел и осмислувачот на атомската бомба Роберт Опенхајмер, кого американските власти го обвиниле дека е комунист.

„Како во ерата на Мекарти, кога американските конзервативци го сметале секој критички ум за комунист, така денес тој сигурно би бил противник и критичар на претседателот Трамп и ограничувањата на слободата на изразување“, проценува Фон Бекер.

 

Поврзани содржини