📽️ КАКО ЗВУЧЕШЕ КОГА СЕ СМЕНИЈА МАГНЕТНИТЕ ПОЛОВИ НА ЗЕМЈАТА? Пред 41.000 година се случи неверојатен феномен

Геомагнетското поле, создадено од вртлогот на течни метали во Земјиното јадро, има клучна улога како заштитна обвивка. Ова поле им ја одзема енергијата на сончевите честички и ги чува атмосферата и живиот свет од штетни ефекти. Но, поради движењето на металите во внатрешноста на Земјата, полето не е статично и мора да прави пресврт на неколку стотици години.

43

Научниците конечно создадоа уникатен аудио запис за пресврт на магнетните полови на нашата планета – феномен  што се случил пред околу 41.000 години.

Геонаучниците на Европската вселенска агенција ги користеле податоците од сателитската мисија Swarm и геолошките записи. Со внимателно моделирање тие ги претвориле природните сигнали на Земјата во звучни тонови, крцкања на дрво и ритми на карпи.






Настанот познат како Лашамп е документиран низ лавинските текови на Лашамп во Франција. За време на тој пресврт магнетното поле на Земјата ослабнело на само 5 % од денешната јачина. Тоа значи дека имало огромен продор на космички зраци во атмосферата. Изотопски траги од берилиум-10, пронајдени во мразот и морските седименти, покажуваат дека нивото на овој изотоп драстично се зголемило за време на настанот, јасен знак на зголеменото сончево зрачење.

Геомагнетското поле, создадено од вртлогот на течни метали во Земјиното јадро, има клучна улога како заштитна обвивка. Ова поле им ја одзема енергијата на сончевите честички и ги чува атмосферата и живиот свет од штетни ефекти. Но, поради движењето на металите во внатрешноста на Земјата, полето не е статично и мора да прави пресврт.

Лашамповата промена траела околу два и пол века, а потоа магнетното поле уште неколку стотини години било послабо и насочено во спротивен правец. Денес научниците гледаат слични појави, како Јужноатлантската аномалија – област каде што магнетното поле е послабо и може да направи проблеми со сателитите. Сепак, тие велат дека тоа не значи дека повторно ќе се сменат половите.

Сателитската мисија Swarm од 2013 година постојано го следи магнетното поле на Земјата. Ги мери сигналите од внатрешноста на планетата, од океаните и атмосферата, за да помогне научниците подобро да разберат како се менува полето и како тоа влијае врз климата и технологијата.

Истражувањето е објавено во 2024 година од германскиот Центар за геонауки и Техничкиот универзитет во Данска. Научничката Сања Пановска од Центарот објаснила дека ваквите студии им помагаат на научниците да предвидат што може да се случува со магнетното поле во иднина и какви последици може да имаат за нашата планета.

Поврзани содржини