КАКО ВЛИЈАЕ СМРТТА НА БАБАТА ИЛИ ДЕДОТО ВРЗ ДЕТЕТО? Според научниците, ова е причина за големи турбуленции во емотивниот свет на децата

Спроведено е истражување кое покажало дека загубата на бабата или дедото може да предизвика анксиозност кај децата на млада возраст, која понекогаш може да трае.

362

Секое дете мора да се соочи со нечија смрт порано или подоцна. Мора да научи дека никој не живее вечно и дека луѓето што ги сакаме можат да не напуштат. Тоа е една од најтешките лекции што некогаш ќе мора да ги научи, а понекогаш нема да ја научи додека не изгуби некој близок.

Континуирано се спроведуваат студии за речиси сите аспекти на развојот на детето, а темата за загубата и смртта е една од често дискутираните теми. Според Study Finds, губењето на баба и дедо може да предизвика долготрајна вознемиреност на млада возраст, но откриено е дека тоа најмногу ги погодува тинејџерите.






Бабата е најчесто омилената фигура во животот на детето, а нејзиното губење може да биде многу болно за детето. Студијата е спроведена од Универзитетот Пен Стејт, а во целост можете да ја прочитате овде.

Да се ​​изгуби кој било член од семејството може да биде тешко, но има нешто особено тешко во губењето на бабата.
Тие откриле врска помеѓу смртта на бабата и симптомите на депресија на млада возраст. Студијата покажала дека дури и 7 години по смртта на бабата, тинејџерите сѐ уште можат да чувствуваат 50 проценти зголемување на симптомите на анксиозност.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини