КAKO ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЌЕ НЀ ПРОМЕНИ ПСИХИЧКИ? Кога ВИ ќе стане партнерот или пријателот со кој сакаме да бидеме!
Вештачката интелигенција (ВИ) би можела да ја поттикне интимноста и сѐ повеќе луѓе да ја гледаат како пријател или романтичен партнер, пополнувајќи ги емоционалните празнини во нивните животи. Ова може да ја попречи нашата способност да развиеме вистински човечки односи.
Годината на ВИ иновацијата заврши, а експертите прават предвидувања за следната година. Мислењата се различни за тоа што претстои – дали вештачката општа интелигенција (AGI/Artificial General Intelligence) е блиску или далеку и дали „добата на агентите“ е пред нас или е само претерување.
Иако овие прогнози често се интересни, тие не се секогаш точни. Луѓето склони кон ароганција не се најдобри предвидувачи.
Всушност, би било подобро да ѝ ги оставиме предвидувањата на вештачката интелигенција бидејќи таа ги разбира сопствените ограничувања.
Една област каде што луѓето сè уште имаат предност е разбирањето на човечката психа.
Наместо да се фокусираме на технолошките, економските или социјалните аспекти на вештачката интелигенција, ајде да погледнеме како таа ќе влијае врз нас психолошки во наредната година.
Како еволуцијата на вештачката интелигенција ќе влијае на нашите емоции, ментални процеси и однесувања?
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.