КАКО СЕ САДЕШЕ ПРКОСОТ… Што сме посадиле, тоа и ќе никне – знаење, помош, инклузија, солидарност…

На завршната конференција од прекуграничниот проект „Социјални претпријатија за економски развој и социјална инклузија” во Крива Паланка, вчера се садеа еко-картички со семе од пркос, но се споделија и успешни и инспиративни приказни за зелени и социјални бизниси во Македонија и во Србија

368

Вчера (16 март), во Европската куќа Крива Паланка, се одржа завршната конференција од прекуграничниот проект „Социјални претпријатија за економски развој и социјална инклузија”. Конференцијата се отвори со воведни обраќања на организаторите, по што партнерите од проектот, заедно со градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски и домаќинката на настанот, Благородна Пешевски од Европската куќа Крива Паланка, посадија еко-картички со семе од пркос како симбол за натамошната соработка.

На настанот се презентираа успесите од проектот, се зборуваше за двете земји како вистински пријатели со можности да соработуваат и да напредуваат преку развојот на социјалното претприемништво.






Повеќе за настанот прочитајте на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини