КАКО СЕ МЕНУВА МОЗОКОТ НА ЖЕНАТА КОГА ЌЕ СТАНЕ МАЈКА? Кога бебето станува целиот ваш свет
Како што заклучуваат експертите, по породувањето, мозокот на мајката е речиси под контрола на мислите за нејзиното бебе. Мајката го мери времето помеѓу шишeнцата, се прашува дали има доволно пелени, го истражува долгиот список на прашања што ги има за педијатарот и врти во главата бескраен список на задачи што ја чекаат. Бебето буквално станува цел нејзин свет.
Многу студии докажаа дека мозокот буквално се менува кога жената ќе се породи, а многу мајки веројатно ќе го потврдат истото. Клишето дека човекот повеќе не е ист откако ќе има дете е всушност поблиску до вистината отколку што може да се мисли.
Но, како всушност се менува мозокот на жената по породувањето? Имено, научниците потврдија дека женскиот мозок се менува побрзо и подрастично за време на бременоста и во првите месеци од животот на детето отколку во кое било друго време, вклучувајќи го и пубертетот.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.