КАКО СЕ БЕРЕ ЦИМЕТОТ? Дали некогаш сте се прашале како се добиваат овие свиткани стапчиња

Aко досега не сте виделе како изгледа берба на цимет и како се сушат и се виткаат оние стапчиња цимет кои потоа ги купуваме во маркетите, погледнете го видеото во кое е прикажан целиоит процес

0

Циметот, еден од најстарите зачини познати на човештвото, потекнува од Далечниот Исток и сега се одгледува главно во Шри Ланка, Индија и Индонезија. Се добива од внатрешната кора на дрвото Cinnamomum verum, која внимателно се суши и се витка во карактеристични стапчиња.

Одгледувачите ги сечат стебленцата на дрвјата, дозволувајќи им на новите изданоци да растат.





Циметот обично се бере за време на дождовната сезона кога внатрешната кора е пофлексибилна и може полесно да се лупи.

Надворешната кора од дрвото цимет се струга за да се открие внатрешната кора, која се користи за производство на цимет.

Собраната кора потоа се остава на сонце да се исуши. Како што се суши, таа природно се витка во познатите стапчиња цимет.

Повеќе за ова, како и видеото во кое може да се види целата постапка, видете ги ТУКА.

Поврзани содржини