КАКО ПОЧНАЛА ТРАДИЦИЈАТА БЕБИЊАТА ДА СПИЈАТ НАДВОР? Снимките од бебешки колички наредени на студот сѐ уште ги шокираат луѓето (ВИДЕО)
Традицијата бебињата да спијат во своите колички на отворено, во нордиските земји се пренесува од колено на колено, а вообичаено е да се видат колички со заспани бебиња паркирани пред куќи, станови, па дури и пред компании во Норвешка, Данска и на Исланд.
Многу пати сме пишувале за тоа дека во нордиските земји веќе стотина години постои традиција бебињата да спијат на воздух, но глетката на колички наредени една до друга со заспани бебиња внатре е и натаму глетка која и ден денес шокира многу туристи. Особено Американците и Австралијанците кои не се шокираат толку од спиењето на ладно колку од тоа што родителите не се плашат дека некој ќе им го киднапира бебето.
А во овие земји традицијата постои откако епидемијата на туберкулоза го погодила Исланд на почетокот на 20 век.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.