📷 КАКО МОЖЕЛЕ ГРАДИТЕЛИТЕ НА МАНАСТИРОТ „СВ. ЈЕРОНИМ” ВО 16 ВЕК ДА ЗНААТ ЗА ТРАМП?! Еден мал детаљ од релјеф во Лисабон станува туристичка атракција
Дел од релјефот отсликува лице кое многу наликува на новоименуваниот претседател на САД, Доналд Трамп.
Туристите се забавуваат со „чудото” од манастирот „Св. Јероним“ во Лисабон, Португалија.
Имено, дел од релјефот отсликува лице кое многу наликува на новоименуваниот претседател на САД, Доналд Трамп.
Инаку, според Википедија, манастирот „Св. Јероним“ е поранешен манастир на Редот на „Свети Јероним“ во близина на парохијата Тагус, општината Лисабон во Португалија. Манастирот станал некропола на португалската кралска династија Авиз во 16 век, но бил секуларизиран на 28 декември 1833 година со државен декрет и неговата сопственост била пренесена на добротворната институција „Реал каса пија де Лисбоа“ (Real Casa Pia de Lisboa).
Оваа градба е еден од најистакнатите примери на доцниот португалски готски мануелински стил на архитектура во Лисабон. Манастирот е изграден во раните 1500-ти, во близина на местото од каде што почнал да патува Васко де Гама, а неговата изградба е финансирана од данок на добивката на годишните португалски индиски армади.
Во 1880 година, посмртните останки на Де Гама и на поетот Луис де Камиес, кој го прославил првото патување на Де Гама во неговата епска поема од 1572 година, „Лусијада“, биле преместени во нови врежани гробници во манастирската црква, на само неколку метри од гробовите на кралевите Мануел I и Јован III, на кои Де Гама им служел.
Во 1983 година, манастирот „Св. Јероним“ е класифициран како светско наследство на УНЕСКО, заедно со блиската кула Белем.