КАКО КАВГИТЕ НА РОДИТЕЛИТЕ ВЛИЈААТ ВРЗ ДЕТЕТО? Психолог предупредува на опасни последици
Физички конфронтации, навреди и емоционална уцена се само дел од токсичните интеракции што родителите можат да ги имаат меѓусебе, а долгорочно ќе предизвикаат емоционална штета на нивното дете. Постои истражување кое сугерира дека родителите кои се караат може да имаат негативен ефект и врз дете кое е на возраст од само шест месеци.
Без разлика колку е здрав односот на родителите, сигурно одвреме навреме на сите им се случува по некоја расправија. Како што објаснува психологот Карли Снајдер, неколку повремени несогласувања обично не се голема работа.
Водењето зрели разговори, држењето подалеку од очите на децата и одбивањето да се навредуваат меѓусебе, му покажува на детето како да се справи со несогласувањата на здрав начин.
Сепак, посериозните конфликти дефинитивно оставаат негативни последици на детето, пишува Very Well Family.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.