КАКО КАКАО… Во помалку од 30 грама има 3 пати повеќе железо од препорачаната количина

Какаото го штити кардиоваскуларниот систем и срцето, ја подобрува активноста на мозокот, богато е со магнезиум и железо. Сепак, за ефикасно користење на какаото за подобрување на крвната слика, избегнувајте го во комбинација со млеко и млечни производи.

34

Какаото најчесто го поврзуваме со детството кога уживавме да го пиеме за појадок или пред спиење. Сепак, за да зборуваме за здравствените придобивки од какаото, мора да се фокусираме на вистинското какао без додаден шеќер.

Органското какао и здравјето имаат многу заедничко. За почеток, да се вратиме назад во времето. Какаото било особено ценето во времето на ацтечкиот крал Монтезуме и бил пијалак на елитата.
Латинското име на какаото значи „храна на боговите“. Иако во тоа време немало научни истражувања за придобивките од какаото, неговата (здравствена) вредност била многу добро проценета.






Какао од плод до какао путер

Многу луѓе се изненадени кога ќе видат како изгледа какаото во неговата оригинална форма кога е свежо набрано од дрвјата. Тој е во облик на јајце, тежи околу половина килограм и е долг околу 30 цм. Кога ќе се отвори, какаото е всушност бело со до 60 семки.

Повеќе за ова прочитајте на „Арт кујна“.

Поврзани содржини