КАКО ИЗГЛЕДА КОГА СЕ МЕСИ, АМА И СЕ ПЕЕ Сукалото од Рамне „заигра“ и во Торино (ВИДЕО)
Наташа Неданоска која сите веќе ја знаеме по нејзините часови за сукање кои ги одржува во рамките на семејниот имот во охридското село Рамне, односно, во домаќинството „Пирустија Неданоски, одржа час по сукање, а богами и час по пеење, во Торино.
Наташа Неданоска и нејзиниот син Христијан, како претставници на домаќинска куќа „Пирустија Неданоски” одржаа работилница за подготовка на охридски комаТ- „Учиме да сучиме” и им ја презентираа оваа вештина на посетителите на македонскиот штанд на саемот за храна во Торино.
Наташа која сите веќе ја знаеме по нејзините часови за сукање кои ги одржува во рамките на семејниот имот во охридското село Рамне, покажа дека освен што е вешта за сукање, има и скриен талент, за пеење. Додека месеше, таа испеа и неколку песни од охридскиот крај.
Повеќе за ова ќе најдете на порталот „Арт кујна“.