КАКО И СО ШТО ТРЕБА ДА СЕ ПИЈАТ ЛЕКОВИТЕ? Некои намирници го намалуваат дејството на лековите
Ако земате лекови против згрутчување на крвта, варфарин, би требало да ги следите вообичаените препораки да јадете порција лиснат зеленчук дневно, затоа што се покажало дека луѓето со редовен здрав внес на лиснат зеленчук всушност имале „подобро контролирано“ згрутчување на крвта. Не е важна количината на внесен зеленчук, важно е да се одржува стабилен внесот на витамин К за згрутчувањето на крвта да остане на посакуваното ниво, велат експертите
Некои лекови треба да се земаат на празен стомак, други треба да се земаат со храна, но некоја храна или пијалаци може да влијаат на апсорпцијата на лекот.
На пример, едно истражување на Медицинскиот факултет во Висконсин во САД покажало дека некои вештачки засладувачи може да влијаат на начинот на кој телото метаболизира одредени лекови, вклучувајќи антибиотици, антидепресиви и антивирусни лекови.
Лабораториската студија покажала дека вештачките засладувачи (двата тестирани биле сукралоза и ацесулфам калиум) ја нарушуваат функцијата на протеинот во црниот дроб кој помага да се отстранат токсините и лековите од телото. Сепак, научниците изјавиле дека ова е само прелиминарна работа и дека е потребно подетално истражување.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.