КАКО ГИ ХРАНЕЛЕ БЕБИЊАТА КОГА НЕМАЛО ЗАМЕНА ЗА МАЈЧИНО МЛЕКО? Историчарка ги разоткрила митовите за хранењето на доенчињата

Идејата дека деновите пред појавата на млечната формула била бастион на здравјето на доенчињата заради широко распространетото доење е едноставно неточна.

497

Историчарка од Универзитетот Rutgers, д-р. Карла Цеваско, на Твитер, неодамна ја објасни историјата на исхраната на доенчињата, нудејќи и историски извори како доказ за нејзините тврдења.

„Можеби ќе слушнете аргументи дека пред да ги користат модерните комерцијални формули за доенчиња, сите бебиња цицале мајчино млеко и дека сè било одлично“, напишала таа. „Како историчарка, дозволете ми да ви објаснам зошто тоа не е вистина.






Таа вели дека луѓето низ историјата морале да ги хранат доенчињата со друга храна како замена за мајчиното млеко од различни причини
„Понекогаш мајката не можела да дои“, напишала таа, „причините биле смртта на мајката за време на породувањето, проблеми со физичко/ментално здравје, потребата веднаш по породувањето да се врати на работа надвор од домот, притисок од партнерот да не дојат со цел да се вратат побргу во состојба на целосна плодност“.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини