КАКО ЌЕ ГИ БРИШЕМЕ СНИМКИТЕ? Нови обвиненија за Трамп и негови вработени во имотот во Флорида
Што ќе правиме (со снимката)?, го прашал Оливеира својот управител Наута, а според обвинението, тие наводно се сретнале во едн посебен дел од имотот наречен Зимска Бела куќа кој е скриен со грмушки и зеленило.
Двајца вработени на имотот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Флорида се сомничат дека помогнале во бришењето на снимка од безбедносните камери, во кое наводно е замешан и тој. Во ново 40-то обвинение со кое се соочуваат Трамп и неговите соработници тие се поврзуваат со криењето доверливи документи кои беа најдени во неговиот дом. Трамп негираше сѐ и го нарече обвинителот „полуден“, пишува Би-Би-Си.
Според обвинението, вработените Карлос де Оливеира и управителот на имотот Мар-а-Лаго, Волт Наута, се договарале како да ги избришат снимките откако судот издал повик да се достават сите снимки од камерите од подрумот каде се чувале доверливи документи.
– Што ќе правиме? – го прашал Оливеира својот управител Наута.
За да разговараат тајно, според обвинеието, Оливеира одел низ грмушки во еден дел од имотот кој се нарекува Зимска Бела куќа.
Судските документи велат дека претходно Оливеира дека испратил порака до друг вработен кој бил директор за информатичка технологија дека „газдата“ сакал серверот да се избрише. Подоцна Оливеира се сретнал со вработениот во мала ИТ просторија и му кажал нивниот разговор да остане приватен.
Тој наводно извршил притисок врз човекот да ги избрише снимките иако вработениот му рекол дека нема овластување за тоа.
Исто така, ажурираното обвинение тврди дека Трамп свесно разговарал за строго доверлив документ со биографи кои го посетиле имотот за да го интервјуираат. Документот содржел можни планови за напад на „Земјата А“,која Си-Ен-Ен и другите медиуми ја идентификуваа како Иран.
– Погледнете што најдов… Зарем не е неверојатно? Имам голем куп хартии, ова нешто штотуку се појави. Погледнете – наводно му рекол г-дин Трамп на еден од своите гости.
Додека се трупаат предметите против Трамп, неговиот рејтинг меѓу републиканците се чини како да расте. На вакво мнение поранешниот негов помошник Стивен Мур.
– Колку повеќе го обвинуваат, толку повеќе се зголемува неговата популарност кај републиканците – изјави Мур за Би-Би-Си.