КАКО Е ДА СЕ РАСТЕ СО ГЕЈ РОДИТЕЛИ? Кога детето има „деди“ и „папа“, наместо „деди“ и мама

Ова семејство во кое детето има геј родители, односно, двајца татковци, стана популарно на мрежата со видеата кои ги објавува на ТикТок токму малиот генијалец. Што мислите вие за истополовите бракови и семејства?

344

Семејствата доаѓаат во сите облици и големини. Сепак, на сите деца им е заедничко тоа што сакаат да се забавуваат на сметка на нивните родители на социјалните мрежи. Едно момче, чии родители се геј пар, редовно објавува смешни и саркастични шеги на ТикТок.

Едно лице на социјалната мрежа постави задача – „кажете дека пораснавте со геј родители без да кажете дека пораснавте со геј родители“ – а момчето имаше подготвен коментар.
За неполна минута тој одговори на предизвикот: „Која е подобра – Мадона или Бијонсе? (Одговорот е Бијонсе.)“; „Знаев за ЛГБТ пред да ја знам азбуката.“; „Го сакам тато, иако има име за сите негови перики“. Со уште неколку смешни коментари, тој ја воодушеви заедницата на ТикТок.
Момчето потоа сними уште едно видео и додаде уште погенијални шеги, на општо воодушевување на следбениците.






Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини