КАКО ДА ЗАШТЕДИТЕ НА ХРАНА? Купувајте на акции и направете неделно мени
Како што растат трошоците за живот, така се скусува и домашниот буџет. Еве неколку одлични совети како да заштедите при купувањето намирници
Трошоците за живот растат, затоа треба да преземете паметни мерки за да заштедите пари. На храната треба најмалку да се штеди, но не треба ниту да се расфрлате. Ви донесуваме совети и стратегии кои ќе ви помогнат да заштедите при купување намирници, без да го жртвувате нивниот квалитет.
Планирање на исхраната
Избегнувајте спонтано купување бидејќи веројатно ќе купите повеќе отколку што ви треба и нема да размислувате рационално. Направете листа на работи што ви се потребни според вашите потреби и што планирате да јадете. Не одете гладни во продавница бидејќи истражувањата покажаа дека тогаш најмногу купуваме, а тоа го правиме сосема непотребно. Прелистајте ги каталозите за следните неколку дена и испланирајте ја вашата исхрана според она што е на акција во каталозите.
Останатите совети прочитајте ги на порталот „Арт кујна“.