КАКО ДА СЕ ПОДГОТВИ ДЕТЕТО ЗА ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ? Време е за големи промени!
Почнувањето во прво одделение е голем момент во животот на целото семејство, особено за детето кое за прв пат наидува на нови правила на однесување, нови лица, простор… Сето ова претставува голема промена. Еве неколку корисни совети за родителите на првачињата и децата кои за прв пат ќе седнат во училишната клупа.
Првите училишни денови претставуваат голем предизвик за родителите и првачињата! Тоа е важен и голем настан во животот на сите ученици. Толку многу се случува во училишните клупи и многу деца не можат да ја скријат својата возбуда, па често гордо се шетаат со своите нови училишни чанти, уредни кутии за моливи и наредени книги и тетратки дури и неколку дена пред почетокот на наставата. Возбудата е на својот врв! Сите се сеќаваме на тоа чувство некаде во некое катче од нашите умови, нели?
Освен првачињата, особено се возбудени и нивните родители. По многу искуство и работа со деца и бројни тајни и интересни анегдоти кои ги споделуваат со нив првачињата, експертите им откриваат неколку тајни на родителите.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.