КАКО ДА СЕ ПОДГОТВАТ ТАТКОВЦИТЕ ЗА ДА ПРИСУСТВУВААТ НА ПОРОДУВАЊЕТО? Наместо да падне во несвест, партнерот треба да биде поддршка
За татковците што ги придружуваат своите партнерки, породувањето може да биде вистински предизвик. Еве како можете да им помогнете да се подготват и наместо да паѓаат во несвест да можат да ја дадат потребната поддршка.
Додека жената се пораѓа, целото внимание треба да биде насочено кон неа. Врескање, викање и слични звуци се сосема нормални во такви моменти. Ако жената е придружувана од партнерот за време на породувањето, целата атмосфера може да биде непријатна и шокантна и за него.
Треба да бидете реални и да разберете дека партнерот кој присуствува на породувањето може да биде изгубен и несигурен, а може да даде подобра поддршка ако знае што да прави. Присуството на породувањето понекогаш доведува до конфликт меѓу партнерите. Иако идниот татко сака да биде присутен, може да му биде многу тешко да процени каква е неговата улога.
Повеќе совети побарајте на порталот „Мајка и дете“.