КАКО ДА РАЗГОВАРАТЕ СО ДЕЦАТА ЗА ВОЈНАТА? Влијанието на вестите за Украина врз психичкото здравје
Претераното избегнување на оваа тема може да предизвика дополнително чувство на страв кај децата, вели Ана Лемке, психолог и советник за деца во организацијата за заштита на децата – „Save the Children“.
По две години страв и неизвесност околу пандемијата, војната е нешто што скоро никој не го посакуваше, па познавачите велат дека во овие околности негативните чувства се нормална појава.
Како да си помогнете себеси?
„Сосема е нормално да се чувствува вознемиреност за она што гледаме дека се случува во една европска земја“, вели Алекс Бушил од организацијата за ментално здравје „Мајнд“. „Природно е, немаше да бидеме луѓе да не беше така“, вели тој.
Иако ваквата состојба не секогаш доведува до анксиозност, тоа се случува, па има неколку клучни начини како да ја избегнете, а тие вклучуваат – добро хранење, излегување надвор, „одмор“ од телефонот, повеќе време со саканите и друго. Иако ова се прилично едноставни совети, при ваков стрес може да бидат и многу корисни.
„Една од клучните работи е да се држите подалеку од лошите работи секогаш кога можете… Без разлика дали е тоа спортување или прошетка со кучето“, тврди Алекс.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.