КАКО ДА ПРЕСТАНАТ ПРИКАЗНИТЕ ЗА СТРАШНОТО ПОРОДУВАЊЕ? Целиот фолклор околу раѓањето нѐ тера во паничен страв

Откако се укина задолжителниот воен рок, мажите останаа без своите приказни од војска, ама се чини дека жените никогаш нема да престанат да раскажуваат приказни за „најголемата болка во животот“

156

Поради стравот од болка и неподготвувањето како да се справиме со породилната болка, создаваме физички отпор во мускулите.

И кога се плашиме од таа болка, тешко можеме да ги опуштиме нашите тела и да дозволиме таа болка да помине. Наместо тоа, со грчеви и паника ја зголемуваме болката, но и го забавуваме природниот напредок на породувањето.






Од моментот кога стануваме свесни за тоа како се раѓаат децата додека самите не забремениме, целиот фолклор околу породувањето нè тера во паничен страв.

Од сознанието дека цело бебе треба да помине низ релативно мал отвор и сите тие приказни за најголемата болка во животот на оние што се породиле, а да не зборуваме за загрижените гинеколози кои предупредуваат за опасностите и ризиците од бременоста и породувањето. Живееме во атмосфера на страв кога зборуваме за породување.

Повеќе за ова на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини