КАКО ДА ПРЕПОЗНАЕТЕ АГРЕСИВНО ОДНЕСУВАЊЕ? За насилството против жените и децата, за насилниците и за мир во куќа
Насилството врз жените има повеќе лица, а најтешко да се препознае е она, психичкото. Повеќе за ова, за храбрите жени кои јавно зборуваат на оваа тема, но и за тоа како семејното насилство влијае врз децата, па и причините поради кои се станува насилник, прочитајте подолу во текстот
Од 1999 година, 25 ноември се одбележува како Меѓународен ден против насилството врз жените, а во тек е и глобалната акција на Обединетите Нации – 16 дена активизам против родово базирано насилство. Кај нас и ширум светот, секојдневно се соочуваат со некакво насилство, а тоа може да биде физичко, психичко или сексуално и најчесто се случува во семејната средина, но жените често се изложени на некаков вид насилство и на работното место и на улица.
Токму по повод овие денови кои се посветени на подигање на свеста за безбедноста на жените, „Мајка и дете“ зборуваше со Љупка Мачкова и Ирена Димоска, две млади жени кои јавно проговорија за насилството кое го вршеле врз нив нивните поранешни сопрузи. Нивните приказни можете да ги прочитате ТУКА.
Тие, меѓудругото, зборуваат за тоа дека од своите сопрузи трпеле и психичко и физичко, па дури и сексуално насилство.
Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.