КАКО ДА НАПРАВИТЕ МАСАЛА ЧАЈ? Неверојатен напиток за зајакнување на имунитетот
Необичниот масала чај е комбинација од индиски зачини и топло млеко, комбинација што прави чуда за имунитетот.
„Масала“, збор кој во индискиот јазик е синоним за мешавина, се подготвува од различни видови зачини, нема „фиксна“ комбинација, но има основа која се состои од кардамон, ѓумбир, цимет, каранфилче, црн пипер и семки од морач.
Овој традиционален индиски чај го оживува и зајакнува имунитетот, ја ублажува надуеноста бидејќи ја стимулира работата на цревата, го забрзува метаболизмот и на тој начин помага за контрола на телесната тежина, ја подобрува концентрацијата и разбудува, ги ублажува вртоглавицата и мачнините предизвикани од движењето, го намалува стресот…
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.