КАКО ДА НАПРАВИТЕ КИМЧИ ДОМА? Зошто традиционалното корејско јадење е толку популарно во светот?
За ефектите на кимчито врз здравјето се правеле бројни истражува, а истражувањето спроведено на луѓе укажува на значителни ефекти врз подобрувањето на липидниот профил во серумот, особено на нивоата на вкупниот и HDL-холестеролот. Исто така, кимчи влијаел на: намалување на гликозата во крвта на гладно, подобрување на липидниот профил, подобрување на антиоксидантниот статус.
Кимчи е многу популарен традиционален корејски гарнир кој најчесто се подготвува од ферментирана корејска зелка, иако може да се подготви и од друг ферментиран зеленчук, како бела ротквица или дајкон.
Често е исклучително зачинет и пикантен, а може да има и некои позитивни ефекти врз здравјето. Меѓу нив се издвојува неговото влијание на намалување на холестеролот и зголемување на чувствителноста на инсулин.
Кимчи – ефекти врз здравјето на луѓето
Постојат над 200 видови на кимчи подготвени со повеќе од 100 различни состојки. Поради ова, не е можно да се одреди недвосмислениот ефект на кимчи врз човечкото тело, бидејќи секој од нив е специфичен во однос на присутните состојки.
Повеќе за здравствените ефекти на кимчито, како и рецептот и видеото за неговото приготвување, ќе ги најдете на „Арт кујна“.