КАКО ДА ИЗБЕРЕТЕ БРАЧЕН ПАРТНЕР СПОРЕД КЕПЛЕР Дури и да сте отфрлиле третина од кандидатите – постои надеж!

А потоа следува магијата - следниот партнер што ќе ви се понуди по отфрлените 37 отсто, а кој ќе ви биде фаворит, да го омажите(или ожените) и да не погледнувате назад! Математички е покажано дека ова е апсолутно најоптималниот избор.

265

Ако имате повеќе опции за брачен партнер, а досега сте одбиле повеќе од првите кандидати, иако ви велеле да се задоволите со она што ви се нуди, тогаш следете го правилото на познатиот математичар Јоханес Кеплер. Тој е човекот кој ги откри равенките за движење на планетите околу Сонцето и инсистираше дека Сонцето, а не Земјата е во центарот, пишува БигТинк.

Правилото е едноставно: оптималниот кандидат од понудените кои сте ги одбиле, веројатно ионака не се наоѓа во првите 37%! Тоа значи дека можете веднаш да отпишете 3,7 од 10 кандидати, ако тоа не сте го направиле досега.






А потоа следува магијата – следниот партнер што ќе ви се понуди, а кој ќе ви биде фаворит, да го омажите(или ожените) и да не погледнувате назад! Математички е покажано дека ова е апсолутно најдобриот избор.

Еве зошто.

Значи, сте ги отпишале првите 36,788% кандидати. Ви остануваат 63,21%. Математиката покажува дека овој процент може да се напише и како 1 делено со Ојлеровиот број, значи, 1 делено со 2,718. Кој е тој Ојлеров број? Тоа е константа која се јавува на сите берзи, на сите предвидувања за раст, тоа е бројот кој дигнат на експоненцијал сам на себе си е интеграл. Тој е природниот раст на експоненцијалните функции.

Па така, остатокот од 63,21% може да се запише како 1-1/е. Понатаму, ако ја следиме математиката на одење во низи, следна најдобра опција би била 1-2/е, што изнесува 26,424%.

Бидејќи 63,212% – 26,424% всушност е еднакво на 36,788%, што е 1/e , останува дека 1/е останува најдобрата веројатност за избор на оптимален исход, односно оптимален брачен партнер – откако сте ги отфрлиле првите 36,788%.

 

Поврзани содржини