КАКО ДА ИЗБЕГНЕТЕ ТОПЛОТЕН УДАР И ДЕХИДРАЦИЈА? Пијте вода и избегнувајте престој на сонце од 10 до 17!

Во тек на топлото време треба да се избегнуваат пијалаци што содржат висока количина на кофеин (чај, кафе), шеќер (засладени безалкохолни пијалаци) и алкохол. Но затоа, треба редовно да внесувате вода дури и ако не чувствувате жед. Соодветниот внес на вода во телото, за возрасни со просечна тежина од околу 70 кг, според ИЈЗ, е околу 2 литри.

185

Високите температури можат да предизвикаат исцрпеност и топлотен удар, а можат и да ги влошат постоечките состојби, како што се кардиоваскуларни, респираторни, бубрежни или ментални заболувања.

За време на екстремните жештини како овие што не очекуваат неделава, следете ги советите и препораките од експертите.






Исто така, важно е и редовно да се хидрирате, па Институтот за јавно здравје дава препораки за тоа каков треба да биде внесот на вода при топло време.

Колку вода треба да пиете?

Во летно време, пиењето на вода треба да е континуиран процес, не треба да се чека да почувствувате жед за да се напиете вода.

Соодветениот внес на вода во телото за возрасни со просечна тежина од околу 70 кг, според ИЈЗ, е околу 2 литри, меѓутоа, човечкото тело по својата природа на функционирање некогаш може да има потреба од повеќе вода, па со цел нормално функционирање на телото треба соодветно хидрирање.

Имено, при топло време, препорачливо е внесот на водата да ја надмине оваа количина. Исто така, многу е важен рамномерниот внес на течности во тек на цел ден, а не тоа да се прави само во одреден временски период од денот.

Во тек на топло време треба да се избегнуваат пијалаци што содржат висока количина на кофеин (чај, кафе), шеќер (засладени безалкохолни пијалаци) и алкохол. Овие течности, со нивните диуретични својства, предизвикуваат организмот да изгуби поголема количина на течности, а со тоа претставуваат потенцијална опасност за дехидратација на организмот.

Работниците на отворено, на секои половина час треба да пијат по најмалку половина чаша вода.

Физичка активност при топло време

Избегнувајте директна сончева светлина помеѓу 10 и 17 часот, особено децата, бремените жени, постарите лица, срцевите болни и пациентите со хронични заболувања.

Избегнувајте излегување во најжешкиот дел од денот дури и ако не сте постари и немате хронични болести. Ако имате работа која треба да ја завршите, направете го тоа во најстудениот дел од денот, што обично е во раните утрински часови.
Исто така, лицата кои работат на отворено треба почесто да се одмараат, да бараат сенка и да пијат течности на секои 30 минути.

Уште некои препораки

Носете светла облека изработена од природни материјали и заштитете ја главата од директна сончева светлина. Носете заштитни очила за сонце доколку сте на отворено и нанесете крем за сончање на сите видливи делови на телото најмалку 30 минути пред да се изложите на сонце и со најмалку 30 заштитен фактор.

 

Разладете го животниот простор користејќи го постудениот ноќен воздух.

Затворете ги прозорците и ролетните во текот на денот, особено оние свртени кон сонцето,
исклучете што е можно повеќе електрични апарати во домот.

Не оставајте деца или животни во паркирано возило ниту на само пет минути.
Доколку имате здравствени проблеми, побарајте лекарски совет.

Поврзани содржини