КАКО ДА ГО ПРЕЖИВЕЕТЕ ПРВИОТ ДЕН ВО СРЕДНО? Ако чувствувате нервоза, возбуда, дури и страв, сетете се – сите го преживеале
Многу е важно да се остави добар впечаток кај професорите уште на почетокот на училиштето, но и да се најдат нови пријатели. Затоа е важно да го остварите што побрзо првиот контакт со други ученици кои ви одговараат за дружење.
Првиот средношколски ден е многу стресен за сите. Некои чувствуваат нервоза, возбуда, можеби дури и нелагодност и страв. Но, опуштете се, сите го „преживеавме“ средното училиште и сите добро се сеќаваме на чувството со кое на 1-ви септември ја напуштивме познатата средина и најдобрите другари од основно и се впуштивме во нови предизвици.
За сите ученици првиот училишен ден е многу стресен и секој се труди да остави најдобар впечаток. Овој период претставува нов период во животот, а учениците се соочуваат со нови професори, предмети и пријатели.
Сега многу добро знаеме што би требало да си кажеме тој ден од оваа перспектива, па се надеваме дека овие совети ќе ви го олеснат стартот.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.