КАКО ДА ГО ОБЛЕЧЕТЕ ВАШЕТО БЕБЕ ЗА СПИЕЊЕ? Дали вие облекувате пижами навечер?
Се прашувате како најдобро да го облечете вашето бебе за спиење за да му биде удобно, да не му биде премногу топло, но и да не му биде премногу ладно? Пред се, според порталот „Растеме заедно“, треба да расчистиме дека пижамите, како посебна облека за спиење, се навистина важни, како за возрасните, така и за бебињата и децата
Знаеме дека ова може прашање може да изгледа банално, но не е за секој нов родител!
Сите сме се нашле себеси како размислуваме премногу и се грижиме за навидум неважни работи што ги засегаат нашите малечки. Некои се грижат за состојките на кремот за газето, некои за видовите пелени, а некои за тоа како да го облечат своето бебе за спиење. Затоа решивме да ги скратиме вашите маки и да ви обезбедиме неколку основни правила што можете да ги следите и да го облечете вашето бебе за спиење токму како што треба!
Дали треба да го пресоблечете вашето бебе за спиење?
Прво, ќе разгледаме една важна работа, а тоа е – дали вие се пресоблекувате во облеката за спиење кога одите навечер во кревет? – пишува порталот „Растеме заедно“.
Дали пижамите како посебна облека за спиење се навистина важни? Претпоставувам дека сите имаме навика да носиме пижами и удобна облека кога одиме на спиење. Истото правило треба да важи и за вашите бебиња, но зошто?
Пред се, памучните пижами ќе обезбедат поголема удобност отколку, да речеме, бебешки панталони со врвки или со машнички или други додатоци што можат да ги иритираат додека спијат. Покрај тоа, не е препорачливо да го легнувате во истата облека што бебето ја носело цел ден.
Дури и кога не се движи или не седи, облеката на бебето се валка. Понекогаш ќе ја поврати, понекогаш ќе се излигави, а дополнително се валка и додека вие ја носите во раце или ја преместувате од количка во релаксатор или во вашиот кревет.
Затоа најдобрата опција е да ја пресоблечете облеката на вашето бебе пред спиење, особено кога станува збор за подолги интервали на спиење или спиење преку ноќ.
Кога станува збор за дневни дремки и дневно спиење, важно е бебето да биде суво и чисто, но не мора секогаш да го пресоблекувате во пижами.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.