КАКО ДА ЈА НАМАЛИТЕ АНКСИОЗНОСТА ПОРАДИ ВРАЌАЊЕТО НА УЧИЛИШТЕ? Невропсихолог дава три совети кои можат да им помогнат на децата
Во истражувањето спроведено минатата година, 87% од родителите на деца под 18-годишна возраст рекле дека периодот на враќање на училиште им предизвикува стрес или анксиозност, а повеќе од половина го опишуваат како најстресно време од годината.
Летниот распуст заврши и некои деца веќе се вознемирени поради враќањето на училиште.
За полесно да се вратат во нивната рутина, невропсихологот Џенифер Каценштајн наведува неколку чекори кои би можеле да помогнат.
„Многу е важно да ги подготвите децата за враќање на училиште и да ги научите како да управуваат со стресот и вознемиреноста од враќањето во рутината“, вели Каценштајн на „Тик-ток“.