КАКО БИ ИЗГЛЕДАЛО МОЖНОТО АПСЕЊЕ НА ТРАМП? Додека њујорчани протестираат, лажни слики направени од софтвер станаа хит (ФОТО)

Додека поддржувачите на Трамп пробуваат да ги пробијат полициските кордони пред Кулата Трамп во Њујорк, на Твитер се појавила лажни дипфејк слики од можното апсење генерирани преку вештачка интелигенција.

1,872

Додека во САД се чека можното апсење на некогашниот американски претседател Доналд Трамп, на Твитер се појавија лажни слики од апсењето кои станаа хит и се прегледани над 4 милиони пати. Се работи за дипфејкови направени со вештачката интелигенција Midjourney. во кои Трамп драматично им бега на полицајците, а син му Трамп Џуниор и сопругата Меланија се противат, пишува британски Индепендент.

На една од сликите дури и самиот Трамп самиот носи полициски појас, доказ дека вештачката интелигенција знае да се збуни.






„Правам слики од Трамп чекајќи го апсењето“, напшал Елиот Хигинс, човекот кој ги генерирал сликите.

 

Хигинс е основач на истражувачкиот колектив Белингкет: За да ги создаде сликити тој го дал текстот: „Доналд Трамп падна додека бидува уапсен. Спирала Фибоначи. Снимка од вести“.

 

Полициски бариери се поставени во Њујорк пред кулата „Trump Tower“ и зградата на окружниот суд на Менхентен, распоредени се полицајци, новинари и поддржувачи на Доналд Трамп во очекување на можна историска кривична пријава против поранешниот американски претседател.

Се очекуваат нереди.

Трамп може да биде уапсен и обвинет ѝ исплатил 130.000 долари од сопствени средства на порноактерката Сторми Даниелс за да молчи за нивната афера во текот на претседателската кампања во 2016 година, кои подоцна му биле компензирани од „Trump Organization“. Обвинителството смета дека за плаќање на компензацијата можело да биде извршено фалсификување во финансиските извештаи на компанијата и токму тоа е предмет на случајот.

Трамп во саботата на својата социјална мрежа Truth Social објави дека во вторникот и формално и симболично ќе биде обвинет и уапсен.

Ако биде приведен, тој ќе биде прв некогашен претседател да биде јавно уапсен. Во САД се јави дебатата и дали неговото апсење би било со или без лисици?

Е МОЈ ДОНАЛД, ЗА 90 СЕКУНДИ СЕКС И ТОА САМО ВО ЕДНА ПОЗА! Ќе стане ли Трамп првиот уапсен американски претседател?

 

 

Поврзани содржини